Ќерката на Мики и Светлана, Нина Црнокрак (11), е Little Miss Planet 2023
- Детали
- сабота, 17 јуни 2023
Македонските претставнички Нина Црнокрак, и сестрите Лаура и Дебора Стефанови, се натпреваруваа на интернационален избор за убавина во Бугарија и трите освоија титули.
Нa 16 јуни 2023 во Варна, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери, Little Miss & Mister Planet и Miss & Mister Teen Planet 2023.
Во конкуренција деца и тинејџери од целиот свет, за Little Miss Planet е избрана нашата Нина Црнокрак (11), помалата ќерка на македонските модели Мики и Светлана Црнокрак.
Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години, Македонија ја претставуваа сестрите Дебора (15) и Лаура (17) Стефанови.
Дебора ја освои титулата прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент.
Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.
Од Модното студио и овојпат беа поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата, меѓу останатите национални директори и познати личности, беше и Светлана Црнокрак.
Нина, Лаура и Дебора на финалето, кое се одржа на Златни песоци, се претставиja во модели на креаторката Јасмина Дракул, специјално изработени за нив за овој избор.
Повеќе фотографии од изборот:
А. Ј. | Црнобело