Марија Бунда, наша докторка која се соочи со рак на дојка на крајот од 20-тите: „Научив важни лекции“

Друго, бидете благодарни за пријателите и за семејството. Кажувајте им дека ги сакате. Кажувајте им дека ви се битни и гушкајте ги, сакајте ги. Затоа што човек некогаш треба да е во тешка ситуација за да сфати луѓето колку го сакаат.

Јас лично сум се изненадила од тоа колку луѓето сакаат да помогнат и колку се грижат едни за други. Така што ценете ги родителите, ценете ги сопружниците, ценете ги децата, сите околу вас што ве сакаат и дајте им љубов.

Друго, изгледот не значи ништо. Ова треба да го слушне Марија кога имаше 15, 20, 25 години. Изгледот навистина не е битен. Каква коса имаш, каква кожа имаш. Да, знам, многу значи за самодовербата, ама вистинската среќа доаѓа од внатре.

Вистинската среќа доаѓа од тоа да си среќен со себеси. Да застанеш, да дишеш длабоко и да си благодарен дека си тука. Така што порака до сите млади девојки и момчиња - не се заморувајте толку со физичкиот изглед. Не е толку битен. Среќата не е тоа. Барем за мене.

Тие се некои работи што ги научив и што ги знаев и претходно. Но, ете, канцерот ме направи да ги сфатам и да се вистини за мене.

Ќе заборавев – колку не се битни материјалните нешта. Е, тоа мислам дека е најважно од сè.

Не можам да ви опишам колку не ми се битни веќе материјалните нешта. Колку се битни конекциите, колку е битно да имаш здрав ум, да имаш добра психа и да се разбудиш среќен и благодарен.

Една чанта плус или минус ништо не менува. Бидете среќни со тоа што го имате, бидете среќни дека сте живи. Бидете среќни дека дишете.

Ете, тоа е. Се надевам не ве депримирав. Целта ми беше да го живееме секој ден со полни бели дробови. Секој ден да сме благодарни за тоа што сме живи“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg