Сара Мејс се пофали со успехот на ќерката Илина: „Денес сум најгорда мајка на светот“
- Детали
- вторник, 06 јуни 2023
„Си се изнаплакав поштено. Пукам од убаво!“ – напиша Сара Мејс до фотографиите од ќерката Илина. Пејачката денес има двојна причина за славење: го објави најновиот видео спот за песната „Фрекфенција“, а танцовиот тим на нејзината ќерка станаа Европски шампиони.
Нашата пејачка и харфистка, Сара Мејс денес има двојна причина за славење. Денес (06.06) премиерно беше објавен спотот за нејзината песна „Фрекфенција“, а ќерка ѝ Илина заедно со националниот танцов тим Brake A Leg станаа европски шампиони.
Сара не ја крие радоста за победата на тимот на Илина на Европското првенство во танци 2023, што се одржува во Скопје, па на Инстаграм сподели повеќе фотографии од неа и до нив напиша:
„Европскава шампионка денес ме направи најсреќна и најгорда мајка на светот! Си се изнаплакав поштено. Пукам од убаво!“
Сара му се заблагодари на студиото Brake A Leg за напорната работа и напомена дека таа и Илина се поврзани од самиот почеток.
„Битните датуми за мене, уште побитни за неа. Секогаш дупло повеќе ги разубавува.
Дента која ја вадев „Црна капина“ , се роди она, денес ја вадам „Фрекфенција“, она стана европски шампион“ – напиша Сара.
Во коментарите голем број пријатели, роднини и следбеници на Сара упатија честитки до Илина, но и до целиот тим, а Сара пред настапот на нејзината ќерка рече дека има трема за неа.
Во Инстаграм Стори таа сподели уште неколку фотографии и видеа, а на една од фотографиите од Илина напиша:
„Овие емоции денес што ги осетив, на секој човек му ги посакувам. За ова вреди да се ќивее. Да ти се множат успесите жено моја“.
По победата на Илина, Сара го објави и видео спотот за нејзината најнова песна, погледнете го во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело