Свадба на пар од Франција во локал со спектакуларен поглед кон Охридското Езеро (фото)
- Детали
- среда, 31 мај 2023
Пар од Франција одлучи романтичниот Охрид да биде нивна дестинација за свадба, споделува локал од охридско. И ова не е првпат пар од странство да го избере нашиот Охрид како локација за свадба.
Кога станува збор за романтични свадбени церемонии во Македонија, Охрид е избор на многу парови од странство.
Па, така и овојпат во локал во близина на Охрид со спектакуларен поглед кон Охридското Езеро свадба направи пар од Франција.
Со бели шатори, завеси и цвеќе, сцената изгледа бајковито.
Во Охрид свадба направија и НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин.
Повеќе фотки од свадбата со поглед на Охридското Езеро во локалот Минами:
С. С. | Црнобело