Наша докторка со впечатлив моден стил (фото)

„Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, до маркет или излегувам во град... Се сеќавам, баба ми често велеше, не знаеш што ти носи денот и кого ќе сретнеш по пат. Многу точно.  И секогаш сум за штикла пред патика, но знам да ги искомбинирам и двете работи, во зависност од ситуација“, вели доктор Маријана Манеска (30) од Скопје за CRNOBELO.com.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-01.jpg

Маријана Манеска (30) од Скопје, или Dr.Maneska на Инстаграм, по професија е доктор, а работи и специјализира во областа на кардиологијата.

Таа обожава мода, патувања, шопинг и дружби со пријателите.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-001.jpeg

За навиките во секојдневието, но и модниот стил Маријана открива за CRNOBELO.com:

„Поголемиот дел од моето време е посветено на медицината, а последователно, секако, на фамилијата и пријателите.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-02_copy.jpeg

Во слободно време се занимавам рекреативно со балет, моментално го изучувам и францускиот јазик, преку стипендија која ми овозможува да одам на едукација одреден период во Франција.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-06.jpeg

Сакам да патувам и секој слободен период од работни обврски гледам да го искористам за некое поблиско или подалечно патување. Дел од патувањата знаат да ми бидат и професионално ориентирани, едукации, конгреси во областа на медицината, но повеќе уживам во приватната режија.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-09.jpeg

Сакам убави фотографии, и Инстаграм користам за да споделам фоторгафија од некој убав момент, патување или креативен аутфит.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-08.jpeg

Сакам мода, и да гледам и да практикувам. Не секогаш постигнуввам да сум во тек со сите трендови, поради моите работни обврски и ограничено слободно време, но се трудам.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-03.jpeg

Прво модно правило ми е – „Секогаш средена“. Без разлика дали одам на работа, до маркет или излегувам во град - секогаш средена.

Се сеќавам, баба ми често велеше, не знаеш што ти носи денот и кого ќе сретнеш по пат. Многу точно.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-11.jpeg

Второ модно правило – „Кeep it comfortable“ (Да ти биде удобно). Преферирам да облечам нешто убаво, што истовремено ми дозволува да се чувствувам удобно.

Секогаш сум за штикла пред патика, но знам да ги искомбинирам и двете работи, во зависност од ситуација.

doktorka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-foto-10.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg