Семејната идила на Борко Ристовски и сопругата Нина - прошетки во парк, гледање на натпреварите на тато
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
3-месечната синоока принцеза Анастасија го комплетираше семејството на ракометарот Борко Ристовски... Како изгледа нивното секојдневие низ фотки?
На почетокот од 2023-та Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, го добија своето второ дете, ќерката Анастасија.
Ќеркичката се роди пет години по нивниот син Душан.
Четиричленото семејство ужива во семејната идила, секојпат кога работните обврски на Борко дозволуваат, но и кога не е со нив, тие верно ги следат неговите ракометни натпревари, без разлика каде и да се во тој момент.
Борко во интервју за CRNOBELO.com откри дека миговите на раѓањето на неговите деца му се најубавите мигови во животот.
Повеќе семејни фотографии:
https://www.instagram.com/p/CrlFtbLMdTP/
Прочитајте ги неговите ставови за татковството - Борко Ристовски за татковството: „Маж што никогаш не сменил пелена на детето или не му спремил млеко - ја нема мојата почит“
С. С. | Црнобело