Како изгледаа македонските познати дами кога беа трудници? (фото)
- Детали
- недела, 14 мај 2023
Во првата бременост, Тамара Тодевска позираше во топлес издание со сосема поразличен имиџ од втората, Туна позираше како божица, а Миа Костова на шега се нарекувала „топка со точки“ – како изгледаа познатите дами во улога на трудници?
Антониа Гиговска неодамна го откри полот на своето прво дете, со уникатна трудничка фотосесија, но ајде да се потсетиме како изгледаа и останатите познати дами во текот на нивните бремености.
Некои од нив направија труднички фотосесии, а некои објавуваа лежерни фотки од нивните прошетки и патувања, за време на првата или на двете бремености.
Секоја од нив на свој начин блеска со труднички сјај, а сега сите уживаат во улогата на мајка.