Каролина во црвен фустан слави роденден на внуката Луција - Забава на плажа со бело-златна торта и балони
- Детали
- среда, 10 мај 2023
„Среќна 12-ка тетина прва љубов“, напиша Каролина на Инстаграм во роденденската честитка за нејзината постара внука, Луција.
Луција, внуката на поп-ѕвездата Каролина Гочева, наполни 12 години. Таа роденденот го славеше на плажа, со балони и бело-златна торта.
Каролина објави неколку фотки од роденденот на Инстаграм Стори.
„Среќна 12-ка тетина прва љубов“, напиша Каролина на фотките.
За забавата, пејачката избра долг црвен фустан, кој го комбинираше со патики.
Освен Луција, Каролина ја има и внуката Инес, двете ќерки на нејзината сестра Сандра.
Пејачката не крие дека внуките ѝ се слабост и дека прави сè за нив.
Со внуките, сестра ѝ и со нивната мајка, Каролина секоја година оди на одмор, само во женско друштво и во тие денови Каролина постојано споделува семејни фотки и видеа.
А. Ј. | Црнобело