„Нашата хероина Дени“ - Девојче од Скопје во инвалидска количка, сними спот низ медените полиња на Атиџе
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
„Нашата хероина Дени сними спот за нејзината трета песна ‘Пчела’. Мултиталентираната Дени отпеа фантастично, а Атиџе и јас имавме чест да ѝ пееме придружни вокали. Поголемиот дел од сцените се снимени низ медените и житни пространства на Овчеполијата, на терен на Атиџе“, напиша Сузана Турунџиева во емотивната објава за нејзина ученичка од скопско училиште.
Сузана Турунџиева е жена позната по својата хуманост и големо срце.
Таа често им помага на оние на кои им треба најмногу помош, а ги споделува и нивните емотивни приказни.
Така и овојпат, Сузана ја сподели приказната за Дени, ученичка од Скопје во инвалидска количка, која сними нова песна, „Пчела“.
Турунџиева откри дека таа ги напишала текстот и музиката.
Дени за песната сними и спот во Овчеполијата, а во него се појавуваат и Сузана и Атиџе, кои ги пеат придружните вокали.
„Нашата хероина Дени сними спот за нејзината трета песна ‘Пчела’ за која Андријана Јаневска направи прекрасен аранжман, а јас ги направив музиката и текстот. Мултиталентираната Дени отпеа фантастично, а Атиџе и јас имавме чест да ѝ пееме придружни вокали.
Во спотот ќе заблескаат и насмевките на умните дечиња од IVа одделение при ООУ Гоце Делчев - Центар, а поголемиот дел од сцените се снимени низ медените и житните пространства на Овчеполијата, на терен на Атиџе, која заедно со тетка Илинка - нејзината најблиска сосетка, беа одлични домаќини“, напиша Сузана на Фејсбук и објави неколку фотографии од снимањето на спотот.
Таа најави и дека песната на Дени ќе има промоција на 13 мај 2023.
Нашата хероина Дени❤🎼 сними спот за нејзината трета песна "Пчела"🐝 за која Andrijana Janevska направи прекрасен...
Posted by Suzana Turundzieva on Tuesday, May 9, 2023
Прочитајте и Девојче во скопско училиште танцува во инвалидска количка, со Сузана Турунџиева (видео)
А. Ј. | Црнобело