Миа Костова споделува исповед на очајна мајка од Македонија: „Син ми го гушеле, па доби бокс на училиште“

„Веќе се прашувам и сфаќам дека погрешно сум го воспитала својот 12-годишен син да е фин и културен. Да се доведам во ситуација минатото полугодие мајка да ми се јави да ми каже како кружи снимка од син ми паднат во бесознание, а идиотот кој го гушел е негов другар од одделение (и тие што го снимале)...“, гласи дел од потресната исповед на мајка од Македонија, која ја сподели Миа Костова.

mia-kostova-spodeluva-ispoved-na-ochajna-majka-od-makedonija-sin-mi-go-gushele-pa-dobi-boks-na-uchilishte-eee-01_copy_copy.jpg

Миа Костова, згрозена од случајот во Србија, јавно говори на темата и на Инстаграм го споделува своето мислење, но и искуствата кои ги имаат родители од Македонија на тема булинг и ѝ ги праќаат на Инстаграм.

Една мајка со искрена исповед во колку лоша ситуација се наоѓаат таа и нејзиниот син поради булинг...

Објавата која ќе ве натера да се замислите гласи:

„И јас како тебе се прашувам и веќе сфаќам дека погрешно сум го воспитала својот 12-годишен син.
Биди културен, биди умен, немој да се тепаш, немој да навредуваш.

Да се доведам во ситуација минатото полугодие мајка да ми се јави да ми каже како кружи снимка од син ми паднат во бесознание, а идиотот кој го гушел е негов другар од одделение (и тие што го снимале).

Целиот случај го пријавив и кај педагог и кај психолог.

mia-kostova-spodeluva-ispoved-na-ochajna-majka-od-makedonija-sin-mi-go-gushele-pa-dobi-boks-na-uchilishte-eee-05.jpg

Детето што го гуши си ги тепа така соучениците од трето одделение и редовно е пријавувано.

Знаеш каков одговор добив од психолог кога побарав да ги повика родителите?
А да пробате вие да си решите, да им отидете на врата? Или пак пријавете го на тренерот каде тренира боречки вештини.

За после тоа да се „заташка“ и пак тој истиот да му залепи таков бокс пред две недели на син ми, затоа што овој му се спротивставил. И пак молк.

mia-kostova-spodeluva-ispoved-na-ochajna-majka-od-makedonija-sin-mi-go-gushele-pa-dobi-boks-na-uchilishte-eee-04.jpg

Оттогаш реков ќе го начекам и ќе го скршам од ќотек, па нека дојдат неговите кај мене.

Што е уште пострашно, тоа е дете на полицаец и истото се фали и го покажува службениот пиштол на другарите. Знае каде стои.
И за тоа е кажано во училиштето од друг родител, чие дете е тепано од истиот. И пак ништо.

Е затоа учи го син ти да врати, да не се плаши и да не крие ништо“.

mia-kostova-spodeluva-ispoved-na-ochajna-majka-od-makedonija-sin-mi-go-gushele-pa-dobi-boks-na-uchilishte-eee-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова ужива на зајдисонце на Санторини, Катарина Ивановска спортува со дечкото: Што прават мак... Сузана Турунџиева (55) - фит во бикини, Миа Костова минува незаборавни мигови со...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg