Детски роденден во кичевско со тема фарма и „направи сам“ проекти со сено, шеќерни јаболка и рурален стил (фото)
Балоните ги порачав од Ali Express и чинеа околу 550 денари, сталакот на којшто стоеја беше изработен од мојот сопруг, а исто така и масичките ги изработивме сами. Декорацијата вклучуваше многу реквизити коишто веќе ги имавме дома.
На главната маса, со тортата, имав ставено кибла за мраз, декорирана со карирана лента и во неа ставивме расцветано дрвце. Тортата беше дополнета со наши играчки (домашни животни).
Нашите соседи беа добри и ни дадоа бали (сено) декорирано со кокошка, а врз него и фенер.
Потоа, во плетени корпи имав ставено snacks (грицки), мешани соленки на коишто стоеше натпис chicken food (храна за кокошки), па имавме и tractor wheels (тракторски тркала) од орео колачиња, пуканки и сушено овошје.
Подготвивме и сендвичи за дечињата во ретро стил, обвиткани со обична хартија за печење и коноп, а исто така и candy apple (шеќерни јаболка), кои сама си ги спремив и ги декорирав со обичен целофан и карирани ленти.
Марин има трактор со приколка, па така приколката ја искористивме да ја наполниме со зеленчук.
Поканата си ја изработив сама, а на неа имав ставено дрес код – фарма, и морам да кажам дека ме радува тоа што голем дел од гостите нè почестија со таков дрес код, така што целата атмосфера беше прекрасна, и постарите гости ни дадоа коментар дека сме разбудиле спомени кај нив, а ние доживеавме едно такво време во кое тие биле најсреќни.