Првите детски чекори ги направи во Народниот театар во Битола, ги напиша најпознатите македонски драми – Сеќавање на Горан Стефановски

„Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“ – ова е едeн од најпознатите цитати на македонскиот Шекспир, Горан Стефановски.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-01.jpg

По повод роденденот на најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски, на 27-ми април, годинава неговиот брат Влатко Стефановски ќе одржи концерт, во Битола - градот каде што тие двајца се родиле и пораснале.

Да беше жив, на овој ден Горан ќе наполнеше 71 година, а во својот живот тој остави голема трага како во рамки на македонската така и во светската драматургија.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-02.jpg

Горан Стефановски е најпознатиот македонски драмски писател кој зад себе остави голем број драмски текстови, како: „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“, „Црна дупка“, а автор е и на сценариото за најскапиот филм во македонската кинематографија „До Балчак“...

Неговите драмски текстови се преведени на повеќе странски јазици и се изведувани во повеќе светки театри, а оправдано многумина го нарекуваат „Македонски Шекспир“.

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет“ - овој цитат на Горан Стефановски е уште еден од попознатите, а минатата година со него беше декориран просторот околу клупата што се наоѓа во Дебар Маало во Скопје.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-04.jpg

Горан пораснал во Битола, а љубовта кон театарот и драмата кај него се родила уште од најмали нозе. Своите први детски чекори ги направил во Народниот театар во Битола, каде татко му Мирко Стефановски бил актер и директор, а неговата мајка Нада била актерка.

Неговиот брат Влатко, ќе се посвети на музиката и на музичката кариера, додека Горан ќе остане целосно посветен на театарот.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-03.jpg

Освен што беше познат драматург во светски рамки, Стефановски беше и еден од омилените професори, кај нас, во Македонија и на повеќе светски универзитети.

Тој е основач на отсекот за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде своето знаење несебично го споделуваше со студентите сѐ до 1998-ма година.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-06.jpg

По ова, две години работеше како визитинг професор на Драмскиот институт во Стокхолм.

Од септември 2000-та година Стефановски се пресели во Кантербери во Англија каде предаваше часови по сценарио и драматургија на Универзитетот во Кент, а од 2002-ра, сѐ до неговата смрт во 2018-та година предаваше сценарио на универзитетот Кантербери Крист Чрч.

Неговата пепел, по смртта беше растурена над Охридското Езеро.

prvite-detski-chekori-gi-napravi-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-gi-napisha-najpoznatite-makedonski-drami-sekjavanje-na-goran-stefanovski-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg