Позитива на денот: Деца возеа кајак и гумени чамци во езерцата во скопскиот Градски парк и измамија насмевка кај сите (фото)
- Детали
- понеделник, 03 април 2023
Додека се движевме кон нашето омилено место покрај најоддалеченото езерце во паркот, затекнавме глетка каква што немавме видено одамна. Гумени чамци и кајаци пловеа по езерото. А, внатре еден куп деца кои веслаа, се смееја и уживаа во возењето.
Викендите ми се вообичаено резервирани за прошетка во Градски парк во Скопје. Дури и кога врне дожд или паѓа снег, па и кога надвор е 40 степени, утринското кафе со пријателите најчесто го пиеме таму.
Ништо поразлично не беше ни овој првоаприлски викенд.
Но, убавото време не нè измами само нас, туку и многу скопјани кои дојдоа во паркот со своите деца.
Едни маскирани, други без маски, но расположени и насмеани додека уживаа во еден од првите пролетни денови оваа година.
Додека се движевме кон нашето омилено место покрај најоддалеченото езерце во паркот, затекнавме глетка каква што немавме видено одамна.
Гумени чамци и кајаци пловеа по езерото. А, внатре еден куп деца кои веслаа, се смееја и уживаа во возењето.
На брегот ги чекаа нивните родители, баби и дедовци. Ваква глетка одамна немавме видено.
Џагор и врева, гласно смеење, луѓе што се довикуваа меѓу себе.
Децата по некое време излегоа од езерото. Ги извадија елеците за спасување, ги засукаа ногавиците и боси трчаа по тревата.
Ваква позитива одамна немам видено. Додека гледав како се забавуваа, ми измамија насмевка на лицето.
Си помислив: „Кајакот денес ги победи маските за 1-ви април“.
Скоро еден час подоцна, додека си одев накај дома и уште се смешкав од убаво, размислував дека ваква забава ни треба почесто.
Што да кажам, освен дека се надевам дека ќе бидат таму и следната недела.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело