„Машко е или женско?“ - Антониа Гиговска ги повика фановите да го погодуваат полот на бебето
- Детали
- сабота, 25 март 2023
„Што е жената? Ќе ја исплаче душата и за еден час излегува надвор како најсилна „риба“. Никогаш нема да можеш да победиш жена...“, порача Антониа на Инстаграм, па ги повика фановите да го погодуваат полот на нејзиното бебе.
Антониа Гиговска, иако се повлече од јавни настапи, неодамна настапи на модната ревија на дизајнерката Ива Спасовска, каде во црн комбинезон со впечатлив накит ја воодушеви публиката.
Сега, таа објави фотографија на која во фокус е нејзиниот свршенички прстен и ги повика фановите да го погодуваат полот на нејзиното бебе.
„Погодувајте... Машко е или женско?“, напиша таа, очигледно најавувајќи дека веќе го знае полот на своето дете и најверојатно наскоро ќе го открие.
Кратко пред тоа Антониа на Инстаграм сподели емотивен цитат за силата на жените, кој гласи:
„Што е жената? Ќе ја исплаче душата и за еден час излегува надвор како најсилна „риба“. Никогаш нема да можеш да победиш жена.“
Потоа, порача дека ѝ недостигаат струкчето нејзино, слабите рачиња и ноџиња и им порача да се вратат побрзо.
Инаку, на ревијата на Ива Спасовска во публика како поддршка на Антониа беше и нејзиниот свршеник, музичарот Роберт Спасенцовски.
С. С. | Црнобело