На околу 10 километри од центарот на Скопје се наоѓа совршен локал во природа (фото)
- Детали
- недела, 26 март 2023
Покрај реката Треска се наоѓа прекрасен ресторан со релаксирачка атмосфера... Кафе или ручек со поглед на вода, среде зеленило, на страна од градот, звучи совршено, нели?
Кога се работи за викенд, мене асоцијација ми е природа, зеленило, поглед кон река и ако има вкусна храна згора на сè, тогаш задоволството е комплетно.
Таков локал има на патот кон Матка, во општина Сарај.
Ресторанот „Треска“ се наоѓа покрај Треска, нуди одлична храна, но и лулки и забава за најмалите. Со префинет ентериер внатре, но и простор за уште поголемо уживање надвор во огромното зелено пространство.
Сте го посетиле ли досега?
Отпатувајте дотаму преку фотките:
С. С. | Црнобело