Водителката што издоминира на српскиот избор за песна на Евровизија – која е Драгана Косјерина?
- Детали
- сабота, 04 март 2023
Таа постојано се наоѓа на листите на најубави водителки од регионот, а дека совршено се снаоѓа во улогата на водителка потврди и на двете полуфинални вечери на српскиот Избор за песна на Евровизија, покрај Милан Мариќ.
Драгана Косјерина (35) неретко влегува на листите на најубави и најдобри водителки од регионот, а сега својот статус го потврди и на појавувањето на сцената на двете полуфинални вечери на српскиот Избор за песна на Евровизија, чие финале ќе се одржи вечерва (04.03).
Таа беше домаќин на настанот заедно со Милан Мариќ, кој одржа спектакуларен говор.
Елегантна, префинета и умерена, Драгана доби низа позитивни критики за ова појавување.
Драгана е родена во Босна и Херцеговина, од каде на 5-годишна возраст се преселила во Белград.
Се занимавала со манекенство, а првото водителско искуство ѝ била музичка емисија, потоа работела како уредник на многу емисии, дел била од утринска програма, водела реални шоуа, а веќе години наназад е дел од евровизискиот тим на Србија, во улога на презентер на поени, а од 2022 и водителка.
Повеќе фотографии од Драгана:
https://www.instagram.com/p/CnCKKmdMJgt/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CkOFcCCsm4m/?hl=en
С. С | Црнобело