Моќниот говор на Милан Мариќ го крена на нозе регионот: „Не смееме да ги затвориме очите пред насилството, тоа само ќе се храни со нашата тишина“

„Би сакал да го свртам вниманието кон еден опасен тренд, кој, за жал, е во пораст. А тоа е трендот на насилство. Сведоци сме на секојдневното насилство, физичко, психичко, вербално и онлајн насилство врз жените, децата, старците, над ЛГБТ популацијата, над сите оние кои се поинакви“ - кажа српскиот актер Милан Мариќ во моќниот говор што го одржа на Беовизија и го осуди секој вид на насилство.

mokjniot-govor-na-milan-maric-go-krena-na-noze-regionot-ne-smeeme-da-gi-zatvorime-ochite-pred-nasilstvoto-toa-samo-kje-se-hrani-so-nashata-tishina-01.jpg

Српскиот актер Милан Мариќ, кој е еден од четворицата водители на овогодишната Беовизија, одржа моќен говор на првата полуфинална вечер на ова музичко натпреварување.

Тој зборуваше за порастот на насилството врз жените, децата, постарите лица и припадниците на сексуалните малцинства и побара тоа да запре веднаш.

„Би сакал да го свртам вниманието кон еден опасен тренд, кој, за жал, е во пораст. А тоа е трендот на насилство. Сведоци сме на секојдневното насилство, како во светот, така и кај нас.

Физичко, психичко, вербално и онлајн насилство врз жените, децата, старците, над ЛГБТ популацијата, над сите оние кои се поинакви.

Не смееме да ги затвораме очите пред оваа тема, зошто насилството се храни со нашата тишина“, го почна Мариќ својот говор.

mokjniot-govor-na-milan-marikj-go-krena-na-noze-regionot-ne-smeeme-da-gi-zatvorime-ochite-pred-nasilstvoto-toa-samo-kje-se-hrani-so-nashata-tishina-002.jpg

Актерот рече дека дури и кога насилството му се случува на некој друг, и кога се случува далеку, тоа не значи дека нема да дојде и до нас или до нашите најблиски.

„Затоа денес сме си потребни едни на други, да се бориме за доброто во нас, да се разбереме едни со други, да си простувме меѓусебно, да се сакаме, да ја препознаваме човечноста и да ја почитуваме различноста.

Никогаш не се знае кога семето фрлено во земјата ќе израсне во најубав цвет. Да бидеме благи едни кон други, а остри во осудата на секој вид насилство. Да живее љубовта“, рече Милан.

mokjniot-govor-na-milan-marikj-go-krena-na-noze-regionot-ne-smeeme-da-gi-zatvorime-ochite-pred-nasilstvoto-toa-samo-kje-se-hrani-so-nashata-tishina-03.jpg

Видеото од говорот на популарниот актер за кратко време стана вирално во регионот, па се споделува на сите социјални мрежи со порака за толеранција и осуда на насилството.

Погледнете го целосно видеото:

Но, освен со говорот, популарниот актер, кој се прослави со улогата на Тома Здравковиќ во хит-филмот „Тома“, предизвика реакции и со изгледот.

ne-smeeme-da-gi-zatvorime-ochite-pred-nasilstvoto-toa-samo-kje-se-hrani-so-nashata-tishina-mokjniot-govor-na-milan-marichikj-go-krena-na-noze-regionot-01.jpg

Твитерџиите од регионот коментираат дека изборот на песна во Србија оваа година е прилично слаб, па наместо некој од натпреварувачите, можат да го пратат Милан да ја претставува Србија на Евровизија во Луверпул.

Српскиот претставник ќе се избира во сабота, кога ќе се одржи финалето на „Беовизија“, а ќе се натпреваруваат 16 песни, по осум што се пласираа од двете полуфиналиња. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Од таксист, до „крал на бакарот“ – Како Милан Поповиќ ги заработил милионите? Израснал со татко му на мала фарма. Додека работел како такси возач во Швајцариј...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg