Србинка (21) со исповед од болница: „Не, не сум луда што се снимам болна - тоа е реалноста и нејзината вистинска убавина“
- Детали
- сабота, 18 февруари 2023
„Оној миг кога го објавив првото видео каде плачам, каде се гушам во сопствените солзи и во сопствената болест, јас се почувствував искрено и среќно. Во миговите кога ќе ме видите мене вака ранлива, јас сум победник...“, споделува Мина Јуларџија (21), која боледува од цистична фиброза.
Мина Јуларџија е прекрасна 21-годишна девојка од Лесковац, која отворено говори за својата болест цистична фиброза. Таа е борец, инспирација, полна е со љубов кон животот и е вистински идол за многумина.
Таа не се плаши да се прикаже на Инстаграм во реално светло, и болна и ранлива и кршлива, нешто за кое ретко кој има храброст во денешно време.
Мина не се плаши отворено да говори за болеста и да охрабри и други.
Вели дека многумина ја прашуваат зошто снима видеа од своите престои во болница, а таа со емотивна исповед им ја откри вистинската причина.
Мина Јуларџија во видеото вели:
„Да луѓе, јас направив нешто неочекувано. Се снимив себеси болна и на работ од животот и тоа го прикачив на социјалните мрежи.
Зарем социјалните мрежи не се место каде ние бегаме од реалноста? И се обидуваме да ги сокриеме сите свои сенки...
Дали оваа девојка е луда што се снима болна?
Не, таа девојка не е луда. Таа девојка, односно јас, е жедна за реалноста и нејзината вистинска убавина.
Апсурдно е да се снима како некој е болен, затоа што тоа не се гледа често и со самото тоа се нарекува „ненормално“, но други работи кои се далеку погрди и лажни се сметаат за нормални затоа што сме се навикнале на нив и самите ги пласираме на социјалните мрежи.
Но луѓе, тоа не е живот, тоа е илузија на живот!
Оној миг кога го земав својот телефон во раце и кога со вам јавно, на сите социјални мрежи, го споделив својот проблем, ја споделив својата смртоносна болест и својата ранливост – дури тогаш се почувствував подобро.