Србинка (21) со исповед од болница: „Не, не сум луда што се снимам болна - тоа е реалноста и нејзината вистинска убавина“
Ми олесни и дури тогаш паднаа сите мои маски и во тој миг се сруши сè. Но, се сруши она без кое мислев дека не можам, а всушност е неважно.
Оној миг кога го објавив првото видео каде плачам, каде се гушам во сопствени солзи и во сопствената болест.
Јас се почувствував искрено и среќно.
Во миговите кога ќе ме видите мене вака ранлива, јас сум победник. И за неколку години кога ќе ги гледам овие видеа од други чевли, ќе бидам горда.
Ќе бидам уште поблагодарна и погорда. На себе и на својата борба. И на својата храброст со вас да го споделам тоа што најмногу ме мачи и што 20 години во мене беше сенка, а денес е мој пријател – мојата болест цистична фиброза.
Видеото е жива слика која одново ќе ја проживувате и повторно ќе го почувствувате тој драгоцен миг којшто сте го снимиле. Внимателно бирајте каков миг ќе снимите и каков филм сакате да режирате во својот живот.“
Прочитајте и Мина, девојка од Србија со цистична фиброза, по 400 денови повторно во болница: „Животот ме потсети што добив во 2022“
С. С. | Црнобело