Од првиот сопруг се развела затоа што премногу го сакала, никој не верува дека има 79 години – Факти за турската актерка Небахат Чехре
Во 1967-ма година се омажила за Јилмаз Ѓунеј, сценарист и продуцент со кого претходно снимиле голем број филмови.
Наводно, причината за разделбата од него била тоа што тој барал од неа да се откаже од кариерата и да биде домаќинка, но наместо тоа таа одлучила да се разведе.
Според пишувањата во медиумите и по разводот тие двајца биле вљубени еден во друг, а тој редовно ѝ пишувал љубовни писма. Во една прилика таа изјавила:
„Силната љубов и страста ја уништуваат врската. Понекогаш нештата стануваат премногу страсни, а страста ѝ наштетува на врската. Моравме да се разделиме за да го зачуваме разумот“ – рече таа.
По ова, Небахат ќе почне врска со кошаркарот Јавуз Демир со кого стапила во брак во 1976-та година, но ќе се разведат по само 3 години во 1979-та година.
Небахат во 2023-та година ќе наполни 79 години, нема свои деца, но е мошне блиска со ќерката на првиот сопруг Јилмаз Ѓунеј.
Таа редовно објавува фотографии на Инстаграм, а речиси никој не може да поверува дека актерката е веќе на прагот на деветтата деценија од животот.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело