Од првиот сопруг се развела затоа што премногу го сакала, никој не верува дека има 79 години – Факти за турската актерка Небахат Чехре
- Детали
- недела, 29 јануари 2023
Била прогласувана за најубава жена во Турција и речиси никој не може да поверува дека годинава ќе наполни 79 години, а кариерата ја започнала кога имала само 15 години – бурниот живот на Небахат Чехре која ја запознавме преку улогата на мајката на Сулејман Величествениот.
Турската актерка Небахат Чехре на македонската публика ѝ стана позната по улогата на мајката на Сулејман Величествениот, Валиде султан.
На екраните ја следевме во улогата на силна и моќна жена која беше одговорна за харемот, а таа беше една од ретките што се осмелуваше да му противречи на султанот.
Животната приказна на Небахат многу наликува на таа на султанката која морала да научи сама да се бори за тоа што сака да го постигне во животот.
Се родила во 1944-та година. Мајка ѝ била домаќинка, а татко ѝ чиновник, кој починал кога таа имала само 5 години.
По ова Небахат со мајка ѝ и со очувот се сели во Истанбул, а првата понуда за да игра во филм ја добила кога имала само 8 години, но нејзиниот очув тогаш одбил.
На возраст од 15 години Небахат одлучила да се пријави на изборот за Мис Турција и тоа во целост ѝ го променило животот.
По победата на изборот Небахат ќе почне да работи како модел, а откако двапати ја претставувала Турција на Изборот за Мис Универзум во 1962-ра година, за првпат ќе се појави и на филмското платно.