Пред Анастасија Ражнатовиќ бил во врска со друга српска пејачка, заработил милиони од фудбал – Факти за Немања Гудељ
- Детали
- сабота, 10 декември 2022
Син е на познат српски фудбалер, гласини дека имал афера со свршеницата на колегата, но и со уште една позната српска пејачка – Што знаеме за фудбалерот Немања Гудељ, кој ѝ стана најпознат на балканската јавност по врската со Анастасија Ражнатовиќ?
Важи за личност што се обидува максимално да ја зачува приватноста и ретко говори јавно за својот љубовен живот, а неодамна беше вмешан и во секс скандал кога странските медиуми пишуваа дека тој наводно имал афера со свршеницата на неговиот колега од српската репрезентација.
Според странските медиуми, Гудељ наводно имал нарушени односи со Лука Јовиќ, затоа што спиел со неговата свршеница манекенката Софија Милошевиќ.
Прочитајте и Дечкото на Анастасија Ражнатовиќ во секс скандал – Српските фудбалери наводно спиеле се сопругите на колегите
Што знаеме за српскиот фудбалер кој привлекува огромно внимание со тоа што е во врска со Анастасија Ражнатовиќ?
Тој е син на познатиот српски фудбалер Небојша Гудељ и неговата сопруга Оливера, а роден е во 1991-ва година, во периодот додека татко му, Небојша Гудељ играл за ФК Партизан. По заминувањето на Небојша во фудбалскиот клуб НАЦ Бред во Холандија и семејството се сели заедно со него.
Немања ја поминал целосната фудбалска академија на овој клуб, а од 17 години почнал да игра активно за овој клуб.