Ја нарекуваат „хрватската Меган Маркл“ – Која е Хелена Ливаковиќ, сопругата на голманот на фудбалска репрезентација на Хрватска?

Во брак е со голманот на хрватската фудбалска репрезентација, а хрватските медиуми тврдат дека премногу личи на сопругата на принцот Хари, па затоа ја викаат „хрватската Меган Маркл“. Која е Хелена Ливаковиќ?

ja-narekuvaat-hrvatskata-megan-markl-koja-e-helena-livakovikj-soprugata-na-golmanot-na-hrvatskata-fudbalska-reprezentacija-01.jpg

Доминик Ливаковиќ (27) е голман на хрватската фудбалска репрезентација, а неговата атрактивна сопруга Хелена редовно привлекува внимание во хрватските медиуми.

Таа во минатото се занимавала со уметничко лизгање, а уште од почетокот на врската со Ливановиќ, тамошните медиуми ѝ го дадоа прекарот „хрватската Меган Маркл“, како заради физичката сличност, така и заради елегантните изданија во кои се појавува.

View this post on Instagram

A post shared by Helena Livaković (@helenamatic)

Претходно во интервјуа, Доминик и Хелена открија како започнала нивната љубовна приказна.

„Нѐ запозна еден пријател. Иако сѐ се случи спонтано, може да кажеме дека првиот чекор го направи Доминик. Првиот впечаток беше одличен и брзо ‘кликнавме’, но на почетокот бевме само пријатели и не би рекле дека тоа беше љубов на прв поглед.

И двајцата по природа сме мошне повлечени и имаме тесен круг на пријатели со кои што се дружиме“ – рече во една прилика Хелена.

Хелена и Доминик беа во врска пет години пред да стапат во брак, а нивната свадба беше топ тема во хрватските медиуми.

Хелена е голем љубител на модата, а дипломирала на Текстилно-технолошкиот факултет.

Ретко оди на стадионите за да го бодри својот сопруг од трибините, но вели дека не пропушта ниту еден негов натпревар и редовно го следи на малите екрани, а подготвена е и да се пресели од Загреб доколку нејзиниот сопруг одлучи да игра за некој друг фудбалски клуб.

Доминик, пак, вели дека кај Хелена му се допаѓа тоа што таа има разбирање за неговата професија и дека секогаш се приспособува на неговите потреби.

Погледнете повеќе фотографии од Хелена, па проценете сами дали личи на Меган Маркл:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Личи на порцеланска кукла, има настапено во фустан: Кој е српскиот „Кен“? Младиот, но скандалозен српски тиктокер и пејач не се плаши да се појави во смел...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Семејната идила на Фрањо Ласиќ (70) со 32 години помладата сопруга и синот - ова му е четврти брак и... Милена Ласиќ (38) е четврта сопруга на Фрањо - и покрај разликата од 3 децении в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg