Јелена Ѓоковиќ со амајлија на рака, откако Новак се најде среде скандал за допинг (видео)

Српските медиуми масовно пишуваат за црвениот конец што Јелена Ѓоковиќ го носеше на раката додека го бодреше Новак Ѓоковиќ на трибините. Сопругата на српскиот тенисер носеше амајлија против уроци, една недела откако тој се најде среде скандал за допинг.

jelena-nosi-amajlija-protiv-uroci-na-rakata-otkako-gjokovikj-se-najde-srede-skandal-zaradi-somnitelen-pijalak-za-vreme-na-natprevar-video-01.jpg

Новак славеше во Торино по мечот од првото коло на завршниот Мастерс победувајќи го Стефанос Циципас, а неговата сопруга Јелена уште еднаш покажа дека му е најголем обожавател и најверен навивач.

jelena-nosi-amajlija-protiv-uroci-na-rakata-otkako-gjokovikj-se-najde-srede-skandal-zaradi-somnitelen-pijalak-za-vreme-na-natprevar-video-02.jpg

Според српските медиуми, црвениот конец на раката на Јелена, има долга традиција во Србија и се верува дека е амајлија против уроци, а тоа верување подеднакво е застапено и во други верувања и култури како што се будизмот, хиндуизмот и јудаизмот.

За потсетување, црвен конец на левата рака во минатото носеше и Мадона, која ја следеше Кабалата од почетокот на 1996-та година.

jelena-nosi-amajlija-protiv-uroci-na-rakata-otkako-gjokovikj-se-najde-srede-skandal-zaradi-somnitelen-pijalak-za-vreme-na-natprevar-video-03.jpg

Инаку, минатата недела Новак се најде среде скандал кога на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како неговиот тренер Улисес Баидо, за време на натпреварот во Париз му подготвува пијалак на трибините и се крие од присутните.

Според твитерџиите, ова подготвувавње на пијалак изгледало мошне сомнително, па во дел од светските медиуми се појавија написи дека Новак зема допинг.

jelena-nosi-amajlija-protiv-uroci-na-rakata-otkako-gjokovikj-se-najde-srede-skandal-zaradi-somnitelen-pijalak-za-vreme-na-natprevar-video-04.jpg

Од друга страна, Јелена веднаш одговори на ваквите обвинувања и напиша:

„Не гледам ништо сомнително. Всушност гледам луѓе што сакаат да ја заштитат сопствената приватност во светот каде секој чувствува дека има право да земе камера и да снима што сака. Очигледно, ако се обидуваш да си ја зачуваш приватноста, тогаш си сомнителен.“

jelena-nosi-amajlija-protiv-uroci-na-rakata-otkako-gjokovikj-se-najde-srede-skandal-zaradi-somnitelen-pijalak-za-vreme-na-natprevar-video-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg