Заработи над 120.000 евра од реално шоу, се оперирала од тумор на дојка – Факти за Луна Џогани
- Детали
- сабота, 05 ноември 2022
Деновиве е актуелна затоа што најави дека го очекува второто дете со партнерот во кого се вљуби додека учествуваше во реалното шоу „Задруга 2“, со Анастасија Ражнатовиќ беа нераздвојни, а потоа се скараа заради дечко – факти за Луна Џогани.
Луна Џогани од мала порасна во фокусот на српската и балканската јавност. Како дете на Анабела и Гаги Џогани, таа постојано привлекувала внимание во јавноста, а денес е позната заради сопствената кариера како блогерка, пејачка и победничка во реалното шоу „Задруга 2“.
Привлекува внимание со реалното шоу што го водат заедно со нејзиниот партнер, но и заради големиот број естетски корекции што ги направила на себеси, како и скандалозното однесување, за кое многумина се согласуваат дека не е прифатливо.
Иако потекнува од познато музичко семејство, Луна успеа да изгради сопствена кариера и да стане едно од препознатливите лица во Србија.
Повеќе факти за Луна Џогани во продолжение:
Луна е родена во 1996-та година во Шведска, а денес живее во Белград. Мајка ѝ Анабела во една прилика откри дека Луна е родена со аномалии на бешиката заради што првите две години од животот ги поминала во болници, но успеала да се избори.
Во 2005-та година Анабела и Гаги ја добија втората ќерка Нина, а во 2009-та година парот се разведе, што им паднало мошне тешко на двете сестри. Во тој период најголема поддршка им била фолк дивата Цеца Ражнатовиќ.
https://www.instagram.com/p/CkWxmOqDNzH/?utm_source=ig_web_copy_link
Во тинејџерските години Луна беше најдобра другарка со Анастасија Ражнатовиќ, но со текот на годините се разделиja.
Луна велеше дека Анастасија ѝ се налутила затоа што таа отишла на концерт на Јелена Карлеуша која е во лоши односи со Ражнатовиќ, а шпекулациите се дека ќерката на Џогани се обидела да ѝ го превземе дечкото на Анастасија.
По разделбата на Анабела и Гаги, Луна првично живеела со татко ѝ во Белград, а потоа се преселила со мајка ѝ во Сараево. Анабела потоа се омажи за босанскиот бизнисмен Андреј Атијас со кого ја доби ќеркичката Бланкица.
Како тинејџерка започнала свој моден блог, а најголема популарност стекна откако се појави во реалното шоу „Задруга 1“, каде се вљуби и започна врска со пејачот Слоба Радановиќ кој беше оженет за Кија Коцкар (која исто така влезе во реалното шоу).
Луна во овој период предизвикуваше поделени мислења кај јавноста, некои ја обвинуваа дека му го растура бракот на пејачот, а други пак се соживуваа со неа. На крај, Луна го освои второто место, а победничка беше Кија Коцкар.