12 години подоцна, фризерот Карло Загорац негираше дека имал секс со Македонка во ријалити шоу + како изгледа денес?
- Детали
- среда, 19 октомври 2022
На 33-годишна возраст Карло Загорац во ријалити шоу на ТВ екраните, а потоа и во приватноста, беше во врска со тогаш 20-годишна Македонка, но по нови пишувања на темата деновиве, фризерот од Србија се огласи и упати апел до Македонците на Инстаграм...
Карло Загорац (45) е фризер од Србија, кој се прослави во ријалити шоуто „Велики брат“ во кое беше во љубовна врска со 13 години помлада Македонка. Тогаш Карло имаше 33 години.
Деновиве во многу медиуми осамнаа информации дека парот имал и секс во шоуто, а и дека Карло извесен период живеел во Скопје во име на љубовта.
Но, сега познатиот фризер на Инстаграм Стори се огласи, ја негираше ситуацијата и напиша дека ова е невистина.
Неговата објава напишана на македонски јазик, оригинално гласи:
„Ви благодарам што ме следевте од Македонија повеќето од вас вчера. Дознав за текстот за мене. Тој текст е лага или наслов. Никогаш не било секс. Поздрав до сите, освен до новинарите.“
Инаку, Карло и денес работи како фризер, има седа коса и најверојатно помлада девојка од себе, судејќи според фотографиите на неговиот Инстаграм профил.
Во една пригода изјави дека од учеството во ријалити шоуто „заработил“ анксиозност и дека потоа морал да работи многу интензивно на себе за да ја донесе анксиозноста на прифатливо ниво.
Карло вели дека извесен период по ријалити шоуто дури се повлекол сосема за потоа повторно да може да се препушти и да живее со полни гради.
Бизнисот со фризерницата му оди одлично, вели дека има многу посетители од странство, држи семинари и себеси се смета за врвен креативец и професионалец.
Зад себе тој има еден брак и реализиран е во улогата на родител.