Твит предизвика жестока дебата во Србија – дали жените без деца се дискриминирани за сметка на оние со деца?

„Така е, јас секогаш ја работам нивната работа поради градинка, училиште, бременост, болно дете и слично“, „Не зборувајте глупости! Бидете вие сами со дете кое е болно, да ти скратуваат на плата, а ти едноставно немаш кој да ти го чува“ се дел од коментарите на оваа тема. 

рењрњрње.jpg

На Твитер се разгоре дебата откако една Србинка на својот профил напиша:

„Во фирмите жените без деца се дискириминирани во однос на жените со деца и тоа е така.“

Дел од коментарите се:

„Ужас, ужас... Жените со деца си ги бираат смените според децата, па јас треба да се приспособувам на тоа, на жените со деца се делат пакетчиња, на жените без деца – ништо, отвораат боледување поради децата, а јас не смеам да отворам поради родителите итн.“

„На овој твит мора да додадам дека за немањето деца секогаш ме дискриминирале/понижувале/посочувале токму жени.“

„Жените со деца имаат поголема веројатност дека треба да трчаат дома порано или да земаат слободни денови за да бидат со болните деца и верувајте ми, тоа не е воопшто забавно, сите ние сакаме да си работиме на раат, знаејќи дека децата ни се добро.“

„Точно. Жените со деца можат и подоцна да дојдат на работа и порано да излезат и да си прават комбинации за одмор кога на нив им одговара, а за другите што ќе остане.“

„Жените без деца работат и за жените со деца.“

„Така е, јас секогаш ја работам нивната работа поради градинка, училиште, бременост, болно дете и слично.“

„Не зборувајте глупости! Бидете вие сами со дете кое е болно, да ти скратуваат на плата, а ти едноставно немаш кој да ти го чува.“

„Емпатијата за мајките ви е нула, немате никакво разбирање.“

Што мислите вие на оваа тема?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg