Србинка, поранешна стјуардеса, ги открива мрачните тајни на професијата
- Детали
- среда, 21 септември 2022
„Сите девојки сакаат да бидат стјуардеси додека не сфатат дека тоа вклучува чистење на тоалет, будење во 2 наутро, работење за време на сите празници…“, вели Кристина Грабеж од Србија.
Кристина Грабеж од Србија е поранешна стјуардеса која работела за странска авиокомпанија 6 години.
Таа на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 46.000 следбеници, постојано споделува детали од нејзината некогашна професија, за која вели дека иако изгледа како работа од соништата, има многу негативни страни.
„Сите девојки сакаат да бидат стјуардеси додека не сфатат дека тоа вклучува чистење на тоалет, будење во 2 наутро, работење за време на сите празници, несакан флерт и преголема сексуализација на професијата.“
Потоа Тина, наведува и хронична ненаспаност, опаѓање на косата, дебелеење од авионската храна, изложеност на радијација и вируси и што уште не.
Кристина вели дека летала за Минхен, Сиднеј, Вашингтон, Казабланка и имала дури и лет од 33 часа.
Сепак, покрај маните на професијата, вели дека уморот се заборава штом се наспиете добро при посета на некоја од вашите омилени дестинации.
Дополнително, работата зависи и од авиокомпанијата, па ова искуство не треба да се зема како генерално за професијата.
Kaко изгледа работниот ден на една стјуардеса:
Таа во своите видеа некогаш говори и за проблемите на патниците: