Најубавата пилотка во регионот живее во Србија (фото)
- Детали
- недела, 18 септември 2022
„Додека сите девојчиња сонуваа да станат стјуардеси, јас сонував да станам пилот“, вели прекрасната русокоса Ивана Милојевиќ со очи сини како небо.
Ивана Милојевиќ е една од најубавите пилотки во Србија, па и регионот. Таа вели дека нејзиниот татко бил пилот и додека сите девојчиња сонувале да станат стјуардеси, таа сонувала да стане пилот кога ќе порасне.
„Уште како дете сонував да управувам со авион и се сеќавам дека на сите им беше симпатично што сакав да го наследам мојот татко. Тој никогаш не ме обесхрабруваше во тоа да ги следам своите соништа“, вели Ивана за српските медиуми.
„Првиот лет ми беше најубавото нешто кое го доживеав во животот. Мислев дека сонувам и секој миг ми изгледаше нереален. Потоа човек се навикнува на таа убавина и летањето станува дел од рутината, но јас и понатаму уживам при секој лет.“
Ивана додава дека постојано добива коментари како една таква нежна девојка успева да управува со толку голем авион.
Нејзината кариера трае повеќе од 8 години, а таа вели дека е пресреќна што си ја работи работата од соништата.
Повеќе фотографии од неа: