Зајачки секс од 1 минута, бакнеж во образ по секс: Контроверзна Србинка е хит на ТикТок со смелите изјави во видеата

Наташа Поповиќ од Белград во едно од нејзините најпопуларни видеа објаснува што е „зајачка сексуална способност“. Вели дека тоа е синоним за прерана ејакулација кај мажите. Тие не се трудат и лоши се во кревет. Потоа додава дека сексуалниот чин со нив трае една минута, а потоа не се подготвени за втора партија.

zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata-01.jpg

Наташа Поповиќ од Белград стана вирален хит во Србија со нејзините скандалозни ТикТок видеа во кои отворено говори за машко-женските односи.

zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata-02.jpg

Таа има студирано туризам, а живеела во Америка и Турција, но потоа се вратила во Белград.

Вели дека работи во семејна фирма и дека го обожава свoјот град, кафеаните, пријателите и дека за ништо на светот не би го менувала.

zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata-03.jpg

Наташа за српските медиуми вели дека односите помеѓу мажите и жените на Балканот се површни, дека и мажите и жените се многу себични, се гледаат само себеси и не се обидуваат да дадат дел од себе на некој друг. Едноставно не се вложуваат во врските.

Таа вели дека не ѝ се допаѓа кога мажите се полни со предрасуди кон една жена, судејќи ѝ само според изгледот и исто така не ѝ се допаѓаат несигурни мажи.

zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata-04.jpg

Животно мото ѝ е да ѝ е убаво и да зборува отворено апсолутно за сè, па токму со тој пристап некои од нејзините видеа постигнаа милионски прегледи.

Едно од нејзините најпопуларни видеа е она во кое објаснува што е „зајачка сексуална способност“.

Вели дека тоа е синоним за прерана ејакулација кај мажите. Тие не се трудат и лоши се во кревет. Потоа додава дека сексуалниот чин со нив трае една минута, а потоа не се подготвени за втора „партија“.

@natasapopovic92 Reply to @ivanaaaaaaaa6 evo da odgovorim ? #fyp #tiktoksrbija #balkan #beograd ♬ original sound - ???????????????

Наташа има и видео на кое открива дека не носи долна облека, затоа што ја притиска и дека најважно ѝ е да ѝ биде удобно.

@natasapopovic92 #fyp #foryou #storytime #zara #dress ♬ original sound - ???????????????

Потоа скандалознната српска тиктокерка говори за мажите кои на испраќање по секс девојките ги бакнуваат во образ, наводно за да им нагласат дека станува збор само за авантура.

@natasapopovic92 Šta je s mozgom druže?? #fyp #tiktokbalkan #srbija #beograd ♬ original sound - ???????????????

На следната страна повеќе Инстаграм фотографии од Наташа...



Би можело да ве интересира:

Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Србинка открива: „Цените во Охрид се далеку поповолни од Белград, парче баклава ме чинеше од 15 до 2... „Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа з...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg