Семејната идила на една од најубавите српски пејачки - ја запроси со тетоважа на рака, јавно си изразуваат љубов
- Детали
- сабота, 17 септември 2022
„Еј мали, ти благодарам за неа и ти благодарам што си најдобриот татко на светот. Не те замислував ваков. И ти благодарам за ова чувство, го сакам најмногу на светот... Љубовта е убава и лесна. Ако не е лесна, не е љубов.“, e една од емотивните објави на Марија Микиќ.
Српската пејачка Марија Микиќ, која беше на листата на фаворити за српски претставник на Евровизија, неодамна доби ќерка со својот свршеник Јован Пантиќ, кој има свој приватен бизнис, а нивните семејни фотографии се доза позитива на Инстаграм.
Тој ја запроси на уникатен начин минатата година на 22-ри јуни на нејзиниот роденден со тетоважа на раката: „Омажи се за мене – да или не?“ Клекна пред неа со прстен и таа и гостите беа воодушевени од потегот.
Само 3 месеци пред тоа Марија за првпат јавно проговори за врската со Јован.
Тој има едно дете од првиот брак, кое често минува време со него и Марија, а на неа ќерката Ѓурѓа ѝ е прво дете.
Во едно интервју за српските медиуми Марија откри дека пред оваа бременост, имала два спонтани абортуси и затоа не сакала да говори јавно додека не биде сигурно дека сè е во ред.
Таа вели дека не планира да прави свадба сè додека короната сосема не стивне, но во меѓувреме ужива во семејната идила.
И Марија и Јован постојано објавуваат фотографии од нивното секојдневие, а во описите таа јавно му изразува љубов и открива која е тајната на нивната хармонија.
„Да останеш дете во душа во овие луди времиња е голема работа. Нас ни оди од рака, се гледа, нели? Само да ме придржи кога паѓам и да ми ја подигне главата горе, ништо повеќе не барам. Засекогаш деца.“
„Овие двајца се мојата сила и љубов, двигател на сè. Мотив. Инспирација. Прегратка и поглед. Смеа и солзи. Сè во едно. Мој тим.“
„Еј мали, ти благодарам за неа и ти благодарам што си најдобриот татко на светот. Не те замислував ваков. И ти благодарам за ова чувство, го сакам најмногу на светот.“
„Љубовта е убава и лесна. Ако не е лесна, не е љубов.“
Еден од описите на Јован пак гласи:
„Ништо веќе не ми е важно. Најдов добар бенд. А и Мама ме гледа уште така детски, магично и тоа е најважно.“