Јелена „потфрли“ со изгледот, пееја најголемите ѕвезди: Сите детали за луксузната свадба на најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ (фото)
- Детали
- вторник, 13 септември 2022
Јелена Ѓоковиќ наместо со раскошна тоалета, како што очекуваа многумина, се појави во бизнис кежуал издание. Младенците потрошиле над 150.000 евра само за авионски превоз и сместување, а на свадбата пееше снаата на Лепа Брена со која семејството Ѓоковиќ е во лоши односи. Сите детали за свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ....
По црковното венчавање во црквата Свети Марко во Белград и склопувањето граѓански брак, најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата избраничка Саша Веселинов заедно со 80-тина гости со авион заминаа во Црна Гора каде имаа свадбена веселба.
Свадбата се одржа во луксузното одморалиште Портонови во Црна Гора.
Невестата Сашка Веселинов, која на црковната венчавка носеше долга раскошна венчаница и со себе го донесе и својот папагал, на приемот во Црна Гора носеше краток бел фустан со голем цвет на предниот дел.
На веселбата пееле повеќе звучни имиња од српската музичка естрада меѓу кои Жељко Самарџиќ, Сергеј Четковиќ, како и снаата на Лепа Брена, Александра Пријовиќ.
Особено изненади настапот на снаата на Лепа Брена, затоа што познато е дека семејството Ѓоковиќ со години не разговара со фолкерката, а таткото Срѓан во неколку наврати јавно се препукуваше со неа затоа што не сакала да му помогне на Новак на почетокот на кариерата.
Според многумина, оваа свадба е полуксузна и од онаа на Новак и Јелена. Ѓорѓе и Сашка за своите 80-тина гости издвоиле по 3.300 евра за четири ноќевања во луксузното одморалиште, а авионските билети чинеле околу 200 евра по човек.
Со други зборови, младенците платиле околу 150.000 евра само за сместување и превоз на гостите, а на Инстаграм веќе има објави во кои може да се види дека за присутните е обезбедено луксузно сместување.
Инаку, освен што се пишува за луксузната свадба на Ѓорѓе и Сашка, Јелена Ѓоковиќ повторно го привлече вниманието со својот моден избор. За црковната венчавка, пејачката избра да носи бела кошула со тесни пантолони. Сè на сè, според некои медиуми овој изглед воопшто не одговарал за настанот.
фото: Твитер
Уште поинтересно е ако се забележи дека таа претходниот ден даде интервју за story.hr, а на фотосесијата за магазинот носеше речиси идентичен аутфит.
Б. С. Б. | Црнобело