Браво! Во Бања Лука е основана полиција за кучиња – потребна ни е и во Македонија
- Детали
- среда, 24 август 2022
Во соработка со здруженијата за животни, во Бања Лука е основана полиција за кучиња која ќе се грижи и за безбедноста на кучиња, и за безбедноста на граѓаните.
Активистите за правата на животните во Македонија, но и во регионот, со години бараат да се основа полиција за животни.
Целта на оваа полиција е да ги штити животните, но и да ги контролира сопствениците, односно да утврдува дали му ја нудат потребната грижа на милениците и дали ги почитуваат правилата како шетање со поводник.
Неодамна во Бања Лука беше основана полиција за кучиња, и тоа прва во регионот.
Полицијата е основана во соработка со тамошните здруженија за заштита на животните, а задачата на полицајците ќе биде да се погрижат за безбедноста и на кучињата, и на луѓето.
Вестите ги сподели и градоначалникот на Бања Лука на Фејсбук:
„Полиција за кучиња – прва во регионот и тоа баш во нашата Бања Лука.
Целта на оваа новост е поголема безбедност за граѓаните, почитување на обврските кои ги имаат сопствениците на кучињата, но и контролирање на условите во кои живеат животните по вдомувањето“.
🐶 ПОЛИЦИЈА ЗА ПСЕ – прва оваква у региону и то баш у нашој Бањој Луци. Циљ ове новине је боља безбједност за грађане,...
-->Posted by Драшко Станивуковић - Draško Stanivuković on Monday, August 22, 2022
Се надеваме дека наскоро и кај нас ќе се основа ваква полиција која ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните, но и ќе им го подобри животот на животните.
Спирова С. | Црнобело