„Го носиш подобро од која било жена“ – Босанец со ексцентричен моден стил позира во монокини

„Какви нозе имаш, барем моите да беа такви“ – стои во еден од коментарите до фотографијата што босанксиот музичар Божо Вреќо ја објави на Инстаграм, а на која позира во бело монокини. Тој е познат по својот ексцентричен моден стил, за кој многумина сметаат дека е извонреден, а други го критикуваат и не го поддржуваат. 

Bozo-vreco-01.jpg

Босанскиот пејач Божо Вреќо (39) е познат по тоа што е еден од ретките модерни музичари што пишува и преработува севдалинки, а привлекува внимание и со ексцентричниот моден стил.

Музичарот што е познат по тоа што честопати настапува во долги свечени фустани, деновиве е на одмор на Макарска, од каде објави фотографија на која позира во бело монокини потпрен на карпа и веднаш го привлече вниманието кон себе.

„Генијален“, „Гориш“, „Ти си мачка над мачките“, „Го носиш подобро од било која жена“, „Какви нозе имаш, барем и јас да имав такви“ – стои во дел од коментарите под фотографијата.

Инаку, Божо пораснал сам со мајка му и со двете сестри, а татко му починал кога имал само 5 години. Мајка му е сликарка и секогаш му пружала поддршка за да се занимава со уметност.

Босанскиот музичар првично сликал и продавал уметнички дела, а со музика почнал да се занимава сосема случајно. Никогаш не одел на часови по пеење, ниту пак свирел инструменти, а гласот го вежбал така што следел упатства на интернет.

Заедно со Васил Хаџиманов ја изведе песната „Ko li noćas miluje ti kosu“.

Освен што има извонреден талент за музика, Божо привлекува внимание и со ексцентричниот стил на облекување, кои некој го сметаат за извонреден, а други го критикуваат и не го поддржуваат.

Погледнете дел од неговите фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg