„Кралица!“ – Жена стана хит во Белград со кул написот на автомобилот
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
Србинка, која е почетник во возење, за да се справи со хаосот на белградските улици, на автомобилот си напишала: „Само што седнав во автомобил, не ми свири, ќе се испаничам, ќе ми се изгаси автомобилот и тогаш ништо не сме направиле“. Кул потег, зарем не? Вакви написи се потребни и за скопските улици...
На Твитер кружи фотографија направена во Белград, која поттикна лавина од реакции.
Фотографијата е од автомобил на чие задно стакло Србинка напишала:
„Само што седнав во автомобил, не ми свири, ќе се испаничам, ќе ми се изгаси автомобилот и тогаш ништо не сме направиле“.
Пораката со смајли на крај привлече внимание на многумина и навистина е симпатична и со поента.
Возењето низ белградските улици знае да биде подеднакво стресно, како и низ скопските, па жената која очигледно е почетник во возењето пронашла одличен начин како барем за нијанса да си го намали стресот.
И додека неколку „злобни јазици“ ѝ велат дека требала да научи да вози пред да почне да вози, поголемиот дел од луѓето ѝ се огромна поддршка и велат дека е сосема разбирливо што има трема во градскиот метеж ако штотуку добила возачка дозвола.
„Паметно“, „Ова треба да се почитува“, „Кралица“, „Браво“ се само дел од коментарите за потегот на оваа жена.
https://twitter.com/DaZivimSan/status/1541052644394950656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541052644394950656%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fzadovoljna.nova.rs%2Fnjena-prica%2Fzena-hit-porukom-na-kolima-nasmejala-beogradjane%2F
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com