Николина Пишек со емотивна исповед по смртта на сопругот: „Запознаваш демони меѓу најблиските“

„Се случува живот, никој не те прашува. Запознаваш демони меѓу најблиските и ангели во луѓето, кои ти доаѓаат на патот сосема случајно и ненаметливо. Мислиш дека некој ќе те разбуди од сето тоа...“, започнува емотивната Николина Пишек, месец и половина по смртта на сопругот.

nikolina-pishek-so-emotivna-ispoved-po-smrtta-na-soprugot-zapoznavash-demoni-megju-najbliskite-01.jpg

Николина Пишек во мај годинава го изгуби сопругот Видое Ристовиќ (44), со кој беше во брак од 2013-та година и со кој ја има ќерката Уна Софија.

Таа се труди да остане силна поради нејзината ќеркичка и да биде со неа секогаш и секаде.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Во емотивна објава на Инстаграм, Николина открива како се чувствува:

„Се случува живот, никој не те прашува. Застанува денот и времето.
Запознаваш демони меѓу најблиските и ангели во луѓето, кои ти доаѓаат на патот сосема случајно и ненаметливо. Мислиш дека некој ќе те разбуди од сето тоа.

Молчиш во шок со денови.
Без солзи.
Не стигнуваш да ја прифатиш болката.

И сфаќаш дека си горд на секој чекор со кој си чекорел тие 10 години, на љубовта која си ја давал и примал, на фактот дека сте граделе семејство со заеднички сили и сте се веселеле на секое ново постигнување.

Дека сте биле среќни кога вашето мало чедо проодело, го изговорило првиот збор, дека сте го запишале заедно на училиште, сте го испратиле заедно на завршната приредба во градинка, сте патувале сите заедно и сте се радувале како деца на секое ново заедничко искуство.

Лошо е што мојата потпора веќе ја нема.
Заспа, но знам што ми дава сила.
Ме задолжи нашето дете да го изведам на вистинскиот пат.

На миг се сомневаш во себе и одненадеж пронаоѓаш сила во тие мали очиња.
Тие ти го покажуваат патот, преполн трње, но твој. Затоа што победуваат тие кои не се откажуваат.

Ништо не е така како што изгледа и ништо не е невозможно.

Прочитајте и Свадбата во Монте Карло чинела 400.000 долари, сака скапи часовници – кој е сопругот на хрватската заводничка Николина Пишек?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Николина Пишек позира со влакна под пазувите, по примерот на светските ѕвезди – тренд или одвратна н... Фотките на хрватската ТВ водителка Николина Пишек на кои таа позира со влакна по...
Катарина Радивојевиќ, позната како Зоне, нема среќа во љубовта - сакала семејство, но партнерите одб... Поседува безвременска убавина, но сепак е сама. Еден партнер ја напуштил поради ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg