Зошто Горан Шпалета (за мене) е морален победник на шоуто „Survivor“?
- Детали
- вторник, 07 јуни 2022
Затоа што беше спортист во вистинска смисла на зборот, господин од почеток до крај, ги носеше клучните поени во најтешките мигови и беше главниот виновник за успесите на своето (сино) племе. Ах, да и поради неверојатниот изглед и очите сини како небо...
Синоокиот Хрват со својата борбеност, концентрација, посветеност, истрајност и добра координација на полигоните во српско-хрватското шоу „Survivor“ ми беше фаворит од самиот почеток.
Одличен и во обраќањата пред камерите, сталожен и со доброосмислени потези од самиот старт го замислував како победник во ова реално шоу од страна на синиот тим.
Но, победата ја понесе ништо помалку добрата Невена Блануша, која со својата брзина дефинитивно беше спектакуларен натпреварувач. За првпат на шоу од овој тип во регионот победник е жена и Невена дефинитивно ќе остане запомнета по тоа.
Во финалето се бореа еден против друг во игра која дефинитивно не беше соодветна за Горан и победата му се слизна низ прсти.
Но, за мене, покрај се разбира неверојатниот Стефан Невестиќ кој беше прогласен за победник од црвениот тим, составен од членови од Србија, и дефинитивно ја заслужи титулата, Горан е морален победник од сините.
Да појаснам, годинава шоуто има два победници, еден од црвеното и еден од синото племе. Ако го гледавте, веќе и знаете.