Популарниот српски актер Никола Ѓуричко глуми во 4-тата сезона на хит-серијата Stranger Things на Нетфликс

Го паметиме како фудбалската ѕвезда „Кенгур“ во комедијата „Kad porastem biću Kengur“ и „суптилниот суфлер“ во првиот дел на Зона Замфирова. Никола Ѓуричко (47) е еден од најпопуларните и најомилени српски актери.

Nikola-Dzuricko-vo-Stranger-Things-01.jpg

Сите кои со нетрпение ја очекуваа 4-тата сезона од хит-серијата Stranger Things на Нетфликс, пријатно се изненадија кога го видоа ликот на актерот на екраните.

Ѓуричко го глуми Јури, руски шверцер кој е вистински анти-херој, но улогата ја оживува со многу хумор и харизма, и покрај тоа што неговото поведение не е за пофалба.

Според реакциите на гледачите, но и критичарите, сите имаат одлични коментари за неговата изведба.

Четвртата сезона е поделена на два дела – првиот дел веќе ја доживеа својата премиера на Нетфликс и брои 7 епизоди, додека вториот дел ќе продолжи на 1 јули. Најавена е и петта, и воедно последна сезона на Stranger Things.

Ѓуричко за првпат го имаше своето деби во блокбастер филм од англиско говорно подрачје во 2012 година во „World War Z“, со Бред Пит во главната улога.

Актерот уште на почетокот на 2020 изјави дека добил улоги во хит-серија, но не смеел да споделува премногу детали со обожавателите.

Доколку сè уште не сте ја погледнале новата сезона на Stranger Things, топло ви ја препорачуваме, а изведбата на Ѓуричко како Јури пријатно ќе ве изненади.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Србинка со хит споредба: Мојот маж кога се слика со мене vs. кога се слика со рибите Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ се пошегува на тема, во која ќе се прона...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg