Факти за турскиот актер кој го игра „добриот доктор“ со аутизам – се поистоветува со ликот, сопругата му потекнува од Југославија

Танер Олмаз е роден во август 1986-та година во Тунџели во источна Турција. На 6-годишна возраст неговото семејство одлучило да се пресели во Истанбул, каде завршил на Универзитетот во Истанбул, на државниот конезерваториум за театар.

Тој потекнува од скромно семејство. Татко му по професија бил месар, а мајка му домаќинка. За првпат почнал да игра во 2009-та година во серијата „Капали Чаршија“ по што следувале улоги во поголем број други серии, но најголемата слава ќе ја стекне со серијата „Добриот доктор“.

View this post on Instagram

A post shared by Mucize Doktor (@mucizedoktordizi)

Освен што е познат актер, Танер исто така се занимава со музика и пее во групата Barabar во која учествува и актерот Серкан Кешкин.

Турскиот актер минатата година се ожени со актерката Есе Сесмиолу. Двојката беше венчана од страна на градоначалникот на Истанбул, во присуство на најблиските, откако претходно мораа да ги откажат плановите за голема свадба заради светската пандемија.

tatko-mu-bil-mesar-zhena-mu-poteknuva-od-poraneshna-jugoslavija-fakti-za-turskiot-akter-taner-olmez-koj-go-igra-dobriot-doktor-06.jpg

Негова сопруга Есе е родена во Истанбул, но во неколку наврати нагласи дека нејзините родители се со потекло од Југославија.

View this post on Instagram

A post shared by Ece Çeşmioğlu Ölmez (@ececesmioglu)

Инаку, Танер и Есе неодамна станаа родители и ја добија првата ќерка Зејнеп.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати  – Како изгл... Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg