Пред матичарот со својата избраничка кажаа „не“, на Наташа Беквалац ѝ ја посвети песната „Лажљива“ – Факти за маестралниот Владо Георгиев
Долги години е во хармонична вонбрачна заедница со 14 години помладата манекенка Милица Самарџија
Владо вели дека не сака жени кои се наметливи и главни во општеството, но го привлекуваат оние кои се нормални и умерени. Тој изјавил дека ги изневерувал бившите партнерки, но и дека бил изневеруван.
Со прекрасната Милица се запознале на кастингот за спотот „Искрено“. За четириесеттиот роденден на пејачот, парот приредил лажна свадба на која и двајцата рекле „не“.
Тие поканиле пријатели и роднини во ресторан во Кошутњак, а гостите ги пречекал славеникот со Милица и матичарот. Меѓутоа, кога матичарот ги прашал Влада и Милица дали се подготвени да се венчаат, и двајцата рекле „не“ како од топ.
Во една прилика Владо изјавил:
„Не би рекол дека Милица се адаптирала, туку дека сме 'тенџерче и капаче'. Ние двајца го мислиме потполно истото, почнувајќи од тоа што сме против матичарот па натаму. Важни ни се само фактите, само она што е навистина важно“.
Влада и Милица имаат две прекрасни ќерки Софија и Елена.
Повеќето негови песни имаат „скриена“ симболика од неговото минато
Во текот на неговата кариера која трае повеќе од 20 години, Владо има издадено три албуми. Песната „Реци ми да знам“ ја посветил на својата поранешна девојка која наводно го изневерила со друга девојка.
Исто така, постои шпекулација дека песната „Лажљива“ ја посветил на Наташа Беквалац – со која порано беше во врска.
Песната „Шта би пријатељи моји“ ја посветил на негови пријатели, односно љубовна двојка – иако сите сметаа дека е негова автобиографска.
Владо одлично „плива“ и во филмските води
Владо имаше епизодни улоги во сериите: „Оно као љубав“ и „Певај брате“, а се појави и во филмот „Воена академија 2“. Во 2016 година и го позајми гласот на Кормила во американската 3Д компјутерска анимирана комедија „Во потрага по Дора“.
Мила М. | Црнобело