Детали за гламурозната прослава на 50-тиот роденден на Северина: „Како свадба да правам“ (фото+видео)
- Детали
- вторник, 26 април 2022
Торта на пет ката, шампањ за добредојде, посебно пано за фотографирање и 300 гости. Северина се пошегува дека прославата за нејзиниот 50-ти роденден во голема мера наликува на свадба, а на прославата за неа пееше Петар Грашо, но и Харис Џиновиќ. Проследете ги сите детали за гламурозната прослава на пејачката.
На 21 април 2022, хрватската пејачка Северина Вучковиќ направи голема забава по повод прославата на нејзиниот 50-ти роденден. Забавата се одржа во клубот „Минт“ во Загреб, а на неа присуствуваа нејзината мајка Ана и голем број познати гости.
Забавата беше наславена „Од самрак до зори“, а присуствуваа околу 300 гости. На фотографите не им бeше дозволен влезот во клубот, но пејачката ангажирала сопствени фотографи и сниматели што имале задача да ја овековечат забавата.
Освен што таа објави повеќе фотографии и видеа на социјалните мрежи, тоа го направија и нејзините гости кои сакаа да покажат детали од гламурозната забава на пејачката.
Вечерта започна со шампањ за добредојде, а гостите можеa да се фотографираат пред паното на кое со ружи беa насликани иницијалите С.В.
На почетокот на вечерта Северина се појави во црн фустан од Balenciaga, а потоа се пресоблече во фустан во боја на кожа.
Северина гордо позираше со нејзината мајка Ана, а како што може да се види од фотографиите на забавата присуствувале и Харис Џиновиќ, Саша Матиќ, Борис Новковиќ, Петар Грашо и неговата бремена сопруга Хана Хуљиќ, но и голем број други познати имиња од балканската естрада...
„Не сум навикната на вакви прослави, изгледа како свадба. Да речеме како свадбата на Грашо, на која не бевме поканети“ – се пошегува пејачката.
Северина доби голема роденденска торта на пет ката и фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.
Погледнете повеќе фотографии и видеа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело