Најпластичниот маж од Хрватска му го прослави роденденот на својот свршеник (фото)
- Детали
- петок, 15 април 2022
„Мојата реалност со тебе е подобра од кој било сон што сум го сонувал. Ти благодарам за тоа што си ти. Среќен роденден“, напиша хрватскиот Кен Марко Грубниќ за својот сакан.
Стилистот Марко Грубниќ го носи епитетот хрватски Кен, но и важи за најпластичниот маж во Хрватска.
Тој отворено говори за своите пластични операции. Слабост му е модата, обожава патувања, а постојано нагласува дека најважна личност во животот му e неговиот пријател за до крајот на животот Момчило Ѓуровиќ.
Иако не говорат јавно, во хрватските медиуми во 2020-та година осамна информацијата дека тие двајца се свршиле во познат хрватски ресторан.
Марко по повод роденденот на Момчило објави фотографии со него и напиша:
„Не сум баш сигурен дека заслужив вака неверојатен пријател за цел живот, но тоа што го знам е дека мојата реалност со тебе е подобра од кој било сон што сум го сонувал. Ти благодарам за тоа што си ти. Среќен роденден.“
Повеќе фотографии од Марко:
Повеќе фотографии од Момчило:
С. С. | Црнобело