Како дете останал без мајка, татко му сакал да си го одземе животот – Факти за српскиот инфлуенсер што побара следбениците да му купат стан
- Детали
- четврток, 14 април 2022
На 10-годишна возраст останал без мајка. За себеси вели дека надвор од социјалните мрежи е намќор, а постојано ги засмева своите следбеници со смешните содржини. Кој е Владимир Звекииќ, српскиот инфлуенсер кој побара следбениците да донираат за да си купи стан.
Српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ, попознат како Veseleen деновиве беше топ-тема откако од неговите следбеници побара да му уплатат по едно евро за да си купи стан.
Негова цел беше да собере околу 50 илјади евра за да го купи станот од соништата.
Тој ја објави својата молба на Инстаграм Стори, а беше изненаден од тоа колку голем број негови фанови застанаа зад него и му помогнаа.
„Ова е слика од пред неколку денови, кој би рекол дека би можел оваа насмевка сега да ја помножам илјадапати. Воопшто не ми се верува. Сакам да ви се заблагодарам за сè, повторно, знам дека тоа не го сакате, но не сакам тоа да го чувам во себеси.
Вие сте доказ дека во светот има добри луѓе, многу работи поминавме заедно, меѓусебно си помагавме, се засмејувавме и се боревме за подобро утре“ – напиша тој.
Покрај поддршката, сепак неговото барање наиде и на низа критики кај јавноста, затоа што сметаат дека инфлуенсерот кој има 328 илјади следбеници на Инстаграм се обидува да се снајде на најлесен начин. Тој даде кратка изјава за медиумите со која се обиде да го појасни своето барање.
Како што рече, станот случајно го видел и мошне му се допаднал, но сфатил дека нема доволно пари па одлучил да побара од следбениците да му помогнат.
„Да тој стан постои и чини околу 80.000 евра. Не можам да дадам прецизен одговор, но можам да кажам дека не сме ниту блиску и затоа ми е смешно што толку многу луѓе се возбудија.
Еве на душманите ќе им порачам: не се грижете, немаме ниту шеснаесеттина од вкупната цифра, а ако го купам станот тоа ќе биде со помош на станбен кредит“ – порача Владмир.
Кој е Владимир Звекиќ и што знаеме за српскиот инфлуенсер чиешто барање предизвика и негативни критики кај луѓето што сметаат дека тој се обидел да се снајде на полесен начин?
Владимир Звекиќ е роден во 1996-та година кој од 2013-та година почнал да објавува видеа со смешна содржина и со неговите пријатели и семејство.
На возраст од 10 години ја загубил мајката во сообраќајна несреќа и вели дека таа трагедија го научила да биде самостоен и сам да се грижи за себеси.
Во изјава за медиумите блогерот рече дека работи од 15-годишна возраст. Како што вели, од таа возраст прво почнал да работи како сезонски работник во земјоделство.
Владимир потекнува од мало место во близина на Зрењанин, но живее во Нови Сад со неговата цимерка Мими која често учествува во неговите видеа.
„Во Нови Сад дојдов без скршен денар. Се обидов да студирам, но поради финансиската криза не можев да се потпрам на моите туку морав да се вработам во ресторан за брза храна каде работев една година. Покрај тоа работев и во друг локал, одев да чистам станови и вкупно работев на три работни места за да можам да си купам нов телефон“ – раскажува тој.
Во 2020-та година Владимир со своите следбеници сподели дека неговиот татко се обидел да си го одземе животот. Му испратил проштална порака, по што младиот Владимир веднаш се јавил на негова другарка и на маќеата да го проверат. Тој не сакаше да сподели повеќе детали, но за среќа сè добро се завршило.
Б. С. Б. | Црнобело