Јелена Карлеуша го ископира изгледот на Ким Кардашијан - гола и излепена само со самолеплива трака
- Детали
- понеделник, 14 март 2022
Јелена Карлеуша која се жалеше дека Ким Кардашијан постојано ја копира, се појави со изглед инспириран од Ким, само неколку дена по неа. Само со танга гаќички на себе и жолта самолеплива трака од брендот Balenciaga. Секси или вулгарно?
Пред неколку дена на ревија на Balenciaga на Модната недела во Париз, Ким Кардашијан се појави со бизарен аутфит – ријалити ѕвездата беше излепена со жолта самолеплива трака на која беше испишано името на истиот бренд, а покажа и фотки и видео од процесот на лепење со помош од 4 асистенти.
Сега, Јелена Карлеуша го ископира изгледот на Ким, па и таа се појави излепена со жолта самолеплива трака испишана со името на брендот Balenciaga.
Но, за разлика од Ким, Карлеуша под самолепливата трака беше речиси гола, односно имаше само танга гаќички.
Нејзиниот изглед е многу посмел од изгледот на ријалити ѕвездата.
Интересно е што Карлеуша постојано се жали дека Ким ја копира неа, но сега покажа дека всушност и таа се инспирира од изгледот на ријалити ѕвездата.