Хит твитови за српската претставничка на Евровизија: „Цел ден се прашувам која е тајната за здрава коса на Меган Маркл“
- Детали
- понеделник, 07 март 2022
„Сега кога Констракта ќе ѝ покаже на Европа дека немаме здравствено осигурување...“ – се шегуваат твитерџиите на сметка на српската претставничка на Евровизија, a уште еден интересен симбол за почит кај изведбата на претставничката е тоа што мрдањето со дланките всушност претставува аплауз на знаковен јазик. Погледнете дел од најинтересните твитови.
Сосема неочекувано на српскиот избор за песна претставник на Евровизија, Беовизија 2022, победи Констракта со песната In corpore sano. Песната што годинава ќе ја претставува Србија на Евровизија предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.
Констракта во изјавата по победата нагласи дека ниту самата не очекувала дека годинава ќе отпатува во Торино и дека сѐ уште не знае што ќе прави по победата.
„Во Торино дефинитивно ќе пиеме добро еспресо, сѐ друго е неизвесно“ – на шега рече таа.
Голем број корисници на Твитер јавно го искажаа сопственото мислење за тоа што мислат за годинешните учесници, но и за победничката. Ако се следат коментарите, може да се види дека мислењата се поделени.
Некои ја нарекуваат српска Бјорк или српска Лејди Гага и ѝ честитаат за победата, а други сметаат дека ова е најлошата песна што досега победила на Беовизија.
„Секс-здравје-православие“ – стои во фото-споредбата помеѓу Констракта, Сара Јо и Зорија и нивните настапи на сцената на Беовизија.
„Сега кога Констракта ќе ѝ покаже на Европа дека немаме здравствено осигурување“
„Џабе оние пеат, мене во главата од синоќа ми одѕвонува: ‘уметничката мора да биде здрава, да биде, да биде, да биде, да биде здрава’...“
„Не знам за вас, но јас цел ден се прашувам која е тајната за здравата коса на Меган Маркл“.
На Твитер исто така се појавија и реакции од Македонија, па еден од корисниците сподели дека песната е врвно уметничко дело затоа што Констракта во првата сцена дава ритам со ракоплескање, а во наредната ракоплеска со знаковен јазик.
Уште твитови на следната страна...
Би можело да ве интересира:





