Иван Симиќ – млад тиктокер од Србија кој сака да постигне слава по секоја цена (фото)
- Детали
- недела, 20 февруари 2022
Симпатичното русокосо 24-годишно момче од Србија сака да се прослави во регионот и е одлучно во намерата...
Кога некој ќе одлучи дека сака да се прослави, тогаш пронаоѓа начин, а Иван Симиќ (24) од Србија го прави токму тоа.
Тој е тиктокер од Србија, кој моментално учествува во регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд. Сосема изненадувачки потег за него, но фокусиран е и одлучен по секоја цена да се прослави.
Иван не располага со огромни вокални способности, но поради своите одлично осмислени настапи успева да се пласира во секој нареден круг. Негов ментор е Александар Милиќ Мили.
Од рози во уста и ракавици со ласери до танцување и легнување на сцената, тој прави апсоултно сè за да остави впечаток кај жирито.
Симпатичен, шармантен и самоуверен, Иван го прогласија за совршен претставник на младата генерација.
Инаку, тој е познат по содржината што ја креира за својот ТикТок профил, a снима и свои песни.
Фотографии од младиот Србин, кој на ТикТок има повеќе од 151.000 следбеници:
https://www.instagram.com/p/CZIBxGNIjzT/
https://www.instagram.com/p/CY6Nqs3IWMY/
https://www.instagram.com/p/CW6aYAAoI_u/
https://www.instagram.com/p/CXZTwzlI2-c/
https://www.instagram.com/p/CVvw87KoZz9/
https://www.instagram.com/p/CULUa47IjvB/
https://www.instagram.com/p/CSSPWTZoHS_/
https://www.instagram.com/p/CMXsLLghBr9/
С. С. | Црнобело