Србин го посети најстудениот град во светот - таму запознал жена што има зет Македонец (фото)

Како изгледа да се бањате на отворено на -48 степени Целзиусови, на најстуденото место во светот, каде врелата вода веднаш се претвора во снег? Ив Бесеровац е првиот Србин што стапнал во Ојмајкон, а редовно споделува видеа за тоа како изгледа животот во ова сибирско место, каде запознал жена со зет од Македонија. 

srbin-e-eden-od-retkite-shto-go-poseti-najstudeniot-grad-vo-svetot-ovaa-zhena-ima-bratuchetka-shto-e-mazhena-za-makedonec-01.jpg

Ив Бесеровац (37) е првиот Србин што по поминатиот пат од 1.500km стигна во градот што се смета за најстуденото населено место во светот, Ојмајкон (Русија), a шета и низ целата област Јакутиа.

„Јас сум првиот Србин со пасош од Република Србија кој стапнал на најстуденото место во светот. Се исплатија поминатите илјадници километри. Тргнав од мојот роден Белград, преку Москва, па до Јакутија.

Прво ја поминавме замрзнатата Лена, се возевме низ Сибир, а оттаму тргнавме кон Ојмајкон.
Требаше да поминам над 1.500km за да стигнеме до полот на студенилото, како што уште го викаат.

Вредеше неспиењето, заморот, мразот, патувањето, руската кујна, затоа што сум еден од ретките што стигна до тука.

Досега, вкупно 2.204 луѓе од целиот свет го посетиле ова место, а вклучувајќи ги и самите Руси. Се смрзнав. Одам да спијам. А утре започнувам со прошетки низ ова студено местенце“ – напиша тој на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Iv Beserovac (@nomaddna)

Како што претходно покажа, тој до Ојмајкон стигнал со санка влечена од кучиња.

Погледнете како изгледало неговото патување:

Како изгледа секојдневниот живот на најстуденото место на светот?

Ив редовно споделува видеа на својот Инстаграм профил од неговиот престој во Ојмајкон. Па, така може да се види дека се обидел да се бања како локалното население на температура од -48 степени Целзиусови.

Тој открива дека водата е далеку потопла и нејзината температура изнесува околу 0 степени, и како што вели потребно е само да си кажеш дека можеш и влегуваш.

Бесеровац направи видеа од некои од поинтересните работи што можел да ги види таму, па така врелата вода кога ќе ја фрлите во воздух веднаш се трансформира во снег.

Тој го посетил и Јакутск, главниот град на областа Јакутија и вели дека многу интересно таму било што луѓето кои немаат гаражи во текот на зимата, што трае цели 7 месеци, мораат постојано да го оставаат автомобилот да работи.

Тој запознал и една продавачка на локалниот отворен пазар за кои вели дека постојано е тука, без разлика дали температурата надвор е +30 или-50.

Уште еден интересен податок што тој го сподели на Инстаграм Стори е што оваа продавачка има роднина која е омажена за Македонец.

srbin-e-eden-od-retkite-shto-go-poseti-najstudeniot-grad-vo-svetot-ovaa-zhena-ima-bratuchetka-shto-e-mazhena-za-makedonec-02_copy_copy.jpg

srbin-e-eden-od-retkite-shto-go-poseti-najstudeniot-grad-vo-svetot-ovaa-zhena-ima-bratuchetka-shto-e-mazhena-za-makedonec-01.jpg

Инаку, Ојмајкон е село во Јакутија, во најоддалечените источни делови на Сибир.

Се смета дека Ојмајкон е најстуденото населено место на нашата планета каде најниската измерена температура изнесува дури -71,2 степени Целзиусови.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“? Таткото Али Риза, мајката Хајрие, петте деца, ќерките Фикрет, Лејла, Неџла и Ајш...
Студирала археологија, наскоро ќе стане мајка – Која е убавата Нала од серијата „Девојката од прозор... Бурџу Бириџик глуми во турската серија „Девојката од прозорецот“, но знаевте ли ...
Има 2 брака и два сина од нив, не сака ниту да помисли пак да се жени – Факти за водителот Жика Јакш... Авторот и водител на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ Жика Јакшиќ позитивната ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg