Актерите од „Тома“ Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ со моќна изведба на песната Ponoć (видео)
- Детали
- недела, 02 јануари 2022
Тамара Драгичевиќ и Милан Мариќ за првпат со сопствен глас ја изведоа песната Ponoć во рамки на новогодишната програма на Радио телевизија Србија. Како звучи најпознатата песна од филмот Toma во изведба на главните актери?
Главните актери на биографскиот филм за пејачот Тома Здравковиќ, Тамара Драгичевиќ (32) и Милан Мариќ (31) гостуваа во новогодишната програма на Радио телевизија Србија, а јавноста за првпат имаше можност да слушне како звучи песната Ponoć во изведба на актерите.
Песните од биографскиот филм за Тома Здравковиќ, Toma, во целост се во изведба на Ацо Пејовиќ и Сузана Бранковиќ, така што ова е првпат да имаме можност да ја слушнеме познатата песна од филмот во изведба на актерите што ги толкуваа главните улоги.
Многумина сметаат дека оваа песна е стара и заборавена песна, токму како што и ја најавуваат во филмот, а малкумина знаат дека станува збор за новокомпонирана песна.
Тамара и Милан за првпат со сопствен глас ја изведоа јавно песната во рамки на новогодишната програма, а нивната моќна изведба предизвика лавина позитивни коментари.
Инаку Милан Мариќ даде ексклузивно интервју за порталот nadlanu.rs каде говореше за предизвиците со коишто се соочувал додека ја толкувал улогата на Тома:
„Имаше голем број емотивни сцени на кои плачев.
Не се доживувам себеси како некој крут човек. Другите така ме доживуваат затоа што тоа е мојата маска, а само јас знам како се чувствувам.
Воопшто ми беше чудно тоа што плачев на снимањето“ – рече тој.
Во продолжение погледнете како звучи оваа песна во изведба на главните актери од филмот:
Прочитајте и Фото-споредба: Како актерите од легендарниот филм „Тома“ визуелно ги доловија вистинските ликови?
Б. С. Б. | Црнобело