Семејство со мали деца, завеано од снегот во Србија: „3 дена сме без храна, проваливме во куќа за да се засолниме“

„Тргнавме на излет, но ни се расипа џипот. Додека го поправавме почна да паѓа снег, а потоа не можевме да се вратиме назад“ – раскажува Србин кој вели дека заедно со уште 15 други лица, меѓу кои и деца, три дена се завеани од снегот во мала планинска куќичка.

semejstvo-od-srbija-so-mali-deca-3-dena-se-bez-hrana-zaveani-od-snegot-provalivme-vo-kukja-za-da-se-zasolnime-01.jpgФото: Инстаграм N1

Петнаесетина возрасни лица и две дечиња на 6 и 9 години од петокот се завеани на планинско-туристичкото место Дивчибара во Србија. Тие во моментов без храна и вода престојуваат во мала куќичка во која морале да провалат за да се спасат од невремето.

Ненад Атанасковиќ во телефонски разговор за N1 раскажа како од петокот до денес престојуваат во мала викендичка без храна, а со вода се снабдуваат така што топат снег.

semejstvo-od-srbija-so-mali-deca-3-dena-se-bez-hrana-zaveani-od-snegot-provalivme-vo-kukja-za-da-se-zasolnime-02.jpgФото: Инстаграм N1

Ненад раскажува дека тој и останатите „завеани“ тргнале со џипови на излет во Дивчибара, но имале проблем со дефект на едното возило и изгубиле доста време додека се обидувале да го поправат.

Во меѓувреме почнало да врне снег, по што почнала и снежна бура и не можеле да се вратат назад. Пронашле напуштена куќичка во која провалиле за да се засолнат.

Инаку, српските медиуми пишуваат дека во текот не вчерашниот ден (недела, 12.12) екипите на противпожарните единици, шумските служби, мештаните од Дивчибара и членовите на џип-клубот „Пожега“ се обидувале да се пробијат до куќата, но не успеале.

semejstvo-od-srbija-so-mali-deca-3-dena-se-bez-hrana-zaveani-od-snegot-provalivme-vo-kukja-za-da-se-zasolnime-03.jpgФото: Инстаграм N1

Надлежните се надеваат дека денес (понеделник, 13.12) по цели три дена конечно ќе успеат да ги евакуираат завеаните семејства заради подобрената временска состојба.

Според последните вести од Србија зимскиот планински туристички центар во моментов е затрупан со снег, а снежните наноси на некои места се над 1 метар височина.

Погледнете дел од фотографиите и видеата што се споделуваат од овој зимски туристички центар:

semejstvo-od-srbija-so-mali-deca-3-dena-se-bez-hrana-zaveani-od-snegot-provalivme-vo-kukja-za-da-se-zasolnime-04.jpgФото: Инстаграм Divcibarepeaks

semejstvo-od-srbija-so-mali-deca-3-dena-se-bez-hrana-zaveani-od-snegot-provalivme-vo-kukja-za-da-se-zasolnime-05.jpgФото: Инстаграм Divcibarepeaks

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка со хит споредба: Мојот маж кога се слика со мене vs. кога се слика со рибите Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ се пошегува на тема, во која ќе се прона...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg