„Во 2019-та помислував на најлошотo“: Јелена Карлеуша, Ивона Јо - јавните личности со реакции по смртта на српската јутјуберка
За смртта на Кика на социјалните мрежи се огласи и српскиот пејач Милан Станковиќ.
„Еве каде води линчот, омразата, медиумите и Твитер лудаците и убијци. Психичкото и сајбер насилство е поопасно од физичкото. Следниот пат пред да испукате куршум со зло и омраза, мислејќи дека тоа е кул, откажете се од тоа.
Запрашајте се дали јавна личност значи јавен тоалет или во прашање е живот.“
https://www.instagram.com/p/CQLdwmtHu7_/
Своето мислење го сподели и српската инфлуенсерка Зорана Јовановиќ (Zorannah):
„Еден млад живот вчера е згаснат, дали поради пораките кои ги добивала или поради нешто друго никогаш нема да знаеме. Но, наместо некој да навредувате, да му се заканувате со смрт, да влегувате во неговата интима, да му пронаоѓате мани и да мразите некој кој не го ни познавате и чиј живот не ве ни допира, размислете дали наместо да му го расипете некому денот, можете некому да го разубавите.
Никогаш не знаете кој со какви демони се бори во себе и дали тоа нешто што ќе го кажете или напишете во одреден миг може да биде ситницата која ќе биде тригер некој да каже – е сега ми е доста, не можам повеќе.“
С. С. | Црнобело